ФАТОН СЕЉАМИ Е ИЗБРАН ЗА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ За изборот гласаа 89 пратеници

Со изборот на Сељами заврши кризата во оваа значајна институција, која ги штити правата на граѓаните во случаи кога институциите им ги прекршуваат, а претставува и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите од јавниот сектор. 

767

Собранието денеска го избра предложенот кандидат Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител.

За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, 6 беа против. Од пратениците што припаѓаат на заедниците, 28 беа „за“, а 8 „против“.






Со изборот на Сељами заврши кризата во оваа значајна институција, која ги штити правата на граѓаните во случаи кога институциите им ги прекршуваат, а претставува и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите од јавниот сектор.

Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит.

Народниот правобранител го избира и го разрешува Собранието. Се избира со мандат од 8  години, со право на уште еден избор. Изборот и разрешувањето на народниот правобранител Собранието го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците.

Мандатот на претходниот народен правобранител Насер Зибери истече на 12 јули минатата година, на денот кога му беа исполнети условите за пензионирање.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на 12 јануари информираше дека ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат за изборот и изрази надеж дека тоа ќе се случи бргу.

Изборот на народниот правобранител заглави затоа што пратениците од Европскиот фронт не даваа согласност, со образложение дека Сељми е партиско решение за функцијата, а тие инсистирале на непартиски човек.

Поврзани содржини