📽️ TOA МИ Е ОД МНОГУ АСПИРИН, ГО ЗЕМАМ ЗА СРЦЕТО Трамп не успеа да ја сокрие модринката на дланката

Велат дека земате аспирин ако ви се допаѓа срцето, но не земајте ако не сакате да имате малку модринки. Јас земам многу аспирин, им рече шефот на САД на новинарите кои ја забележаа модринката.

454

Претседателот на САД вели дека модринката на левата дланка која ја забележаа новинарите му се појавила поради „големата дневна доза на аспирин“. Враќајќи се од самитот во Давос во авионот „Ер Форс Уан, Доналд Трамп изјави дека лекот му предизвикува полесно создавање на модринки.

– Велам, земете аспирин ако ви се допаѓа срцето, но не земајте ако не сакате да имате малку модринки. Јас земам многу аспирин.






Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, пак, објасни дека претседателот ја удрил раката од работ на масата за потпишување во Давос.

 

Четворица лекари, двајца хирурзи и двајца интернисти, за „Ројтерс“ потврдиле дека аспиринот навистина може да придонесе за полесно создавање модринки.

Во интервју за „Волстрит журнал“, Трамп рекол дека зема поголема доза од препорачаната – „сакам убава, тенка крв да ми тече низ срцето“. Минатото лето, портпаролката Ливит им кажала на новинарите дека модринките потекнуваат од „премногу ракувања“.

Трамп, 79, е вториот најстар претседател во историјата на САД, по Џо Бајден, кој ја напушти функцијата во 2025 година на 82-годишна возраст.

Поврзани содржини