БЕА ВО АВГАНИСТАН СО НАС, АМА ТАМУ НЕКАДЕ ПОНАЗАД Трамп ги разгневи Британците со изјавите за мисиите на НАТО

Тие ќе кажат дека испратиле некои трупи во Авганистан и го сторија тоа, но останаа малку поназад, малку подалеку од фронтовските линии, изјави шефот на САД за „Фокс њуз“ навлекувајќи го гневот кај официјални лица и челници во Велика Британија.

400

Изјавата на шефот на САД Доналд Трамп дека сојузничките трупи на НАТО „останале зад фронтот“ во Авганистан предизвика политичка бура во Лондон. За време на интервју за „Фокс њуз“, поранешниот американски претседател изјавил дека „не е сигурен“ дека НАТО би им помогнал на САД „ако некогаш ни бидат потребни“.

– Тие ќе кажат дека испратиле некои трупи во Авганистан и го сторија тоа, но останаа малку поназад, малку подалеку од фронтовските линии – изјави Трамп.






Министерот за здравство и социјална грижа на Велика Британија, Стивен Кинок, остро реагираше:

– Коментарите се длабоко разочарувачки и погрешни. Многу британски војници ги дадоа своите животи во поддршка на американските мисии во Авганистан и Ирак – изјавил Кинок за „Скај њуз“ велејќи дека секој што сака да ги омаловажи нивните жртви, очигледно греши.

Лидерката на Конзервативната партија на Велика Британија, Кеми Баденох, ги нарече зборовите на Трамп „апсолутни глупости“, потсетувајќи дека Велика Британија беше меѓу првите што ѝ се приклучија на американската војна против талибанците по нападите од 11 септември 2001 година.

Трупите од земји на НАТО тогаш се приклучија откако САД по нападот го активираше членот 5 за заедничка одбрана на сојузот.

Од 2001 до 2014 година, според податоците на британското Министерство за одбрана, 457 британски војници загинале во конфликтот во Авганистан. За многу семејства во Велика Британија, зборовите на Трамп биле „удар под појас“, пишува Би-Би-Си.

Токму активирањето на членот 5 беше жежок костен во разговор меѓу Трамп и актуелниот шеф на НАТО Марк Руте на Светскиот економски форум во Давос оваа недела. Зборувајќи за безбедноста на Гренланд, Руте го убедуваше Трамп дека сојузниците секогаш стојат позади САД.

 

Поврзани содржини