ВОЗЕЛ ПИЈАН И ВО СПРОТИВНА НАСОКА ВО ТЕТОВО Возач со 1,57 промили заврши во полициска станица

Полицијата во Тетово приведе 47-годишен возач кој управувал возило во спротивна насока и под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта.

313

Полицијата ноќеска приведе 47-годишен возач од тетовското село Камењане, кој возел во спротивна насока и бил под дејство на алкохол.

Инцидентот се случил околу 00:15 часот на улицата Благоја Тоска во Тетово, кога полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки. Зад воланот бил Д.М. (47), кој се движел спротивно од дозволената насока на коловозната лента.






При контролата, кај возачот било утврдено присуство на 1,57 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, дело предвидено во Кривичниот законик.

Поврзани содржини