НАСИЛНИК ПИКНАЛ ТИНЕЈЏЕР ВО ГЕПЕК И ГО „СОСЛУШУВАЛ“ Мајката на детето пријавила во полиција

Насилникот го турнал 16-годипшникот во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.

532

Во СВР Скопје вчера 36 годишна скопјанка пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.

Мажот насилно го турнал нејзиниот син во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило, се наведува во полицискиот билтен.






Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.

Поврзани содржини