ХАЈДИ КЛУМ БЕЗ ГРАДНИК ВО ПРОЅИРНА БЛУЗА Супермоделот се појави во смело издание на премиерата на документарецот за Парис Хилтон
Хајди Клум (52) се појави без градник и во проѕирна блуза со џебови кои делумно ги покриваа градите, на премиерата на документарецот за Парис Хилтон „Infinite Icon“, во Лос Анџелес
Хајди Клум (52) ги привлече погледите на премиерата на документарецот на Парис Хилтон „ „Infinite Icon“, во Лос Анџелес. Супермоделот направи смел настап, облечена во проѕирна кафеава блуза без градник, со џебови поставени стратешки за да ги покријат делумно нејзините гради.
Таа ја надополни комбинацијата со здолниште до колена во истата нијанса, кафеави потпетици и соодветна лакирана чанта. Со пуштена руса коса, позираше на розовиот тепих.
Ова доаѓа откако Хајди беше на одмор во Сент Бартс претходно овој месец со својот сопруг Том Каулиц (36), каде што беше фотографирана топлес на плажа. Двојката, која ќе ја прослави седмата годишнина од бракот за неколку недели, изгледаше повљубена од кога било, разменувајќи нежности во океанот.
View this post on Instagram
Хајди и нејзиниот 16 години помлад сопруг Том се венчаа на 22 февруари 2019 година, на приватна церемонија на јахта, по една година врска. Моделот често споделува моменти од нивниот заеднички живот на социјалните мрежи.
Претходно беше во брак со британскиот пејач Сил од 2005 до 2014 година. Поранешната двојка ги има синовите Хенри (20) и Јохан (19) и ќерката Лу (16). Сил во текот на бракот ја посвои и нејзината ќерка Лени (21), кога таа имаше пет години.
Хајди изјави за Дејли Меил во 2024 година дека „пораснала со многу голотија“ и ги охрабрува другите да се релаксираат на плажа. Зборувајќи за реакциите на обожавателите на нејзините фотографии од топлес, таа рече: „Толку е смешно колку многу луѓе зборуваат за тоа. Треба да го пробаат некогаш“. Таа нагласи дека во времето на снимањето, била на место каде што голотијата на плажа не е скандалозна.
– Иако сум Американка, имам и европски менталитет, па пораснав со многу голотија на плажа. Значи, тоа не е голема работа за мене. Плус, бев на француски остров и кога ќе погледнете наоколу, повеќето девојки се голи во топлес, па тоа е доста вообичаено таму. Значи, не правам ништо чудно… и секогаш одам на плажа кога нема многу луѓе. Па се чувствувам како да го правам тоа кога нема никој во близина – објасни таа.
View this post on Instagram