ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ Го тужи и премиерот и бара извинување

Поднесов и тужба за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Поднесов и за премиерот, како што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители, како институција која е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители, изјави обвинителката Ленче Ристоска.

65

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата Ристоска ја даде по одложувањето на судскиот процес за предметот „Талир1“.

Ристоска изјави дека ги користи сите институционални механизми кои ѝ се на располагање и дека недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, особено од позиција на моќ.






– Поднесов и тужба за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Поднесов и за премиерот, како што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители, како институција која е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители – изјави Ристоска.

Претходно таа побара и јавно извинување од премиерот Христијан Мицкоски поради навреди и дисквалификации. Советот на јавни обвинители веќе најави дека ќе ја разгледува иницијативата.

Од Владата, пак, порачаа дека премиерот не ја споменал обвинителката.

Ристоска го застапува и обвинението „Талир 2“, во кој предмет е замрзнат имотот на Белата палата, односно седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во „Талир 1“ за Перење пари остануваат истите обвинети Никола Груевски, Кире Божиновски, Илија Димовски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески.

Поврзани содржини