ДО 11 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ОД ФИЛИПЧЕ ЗА „ЖАН МИТРЕВ“ Како министер постојано го зголемувал буџетот на клиниката која сакал да ја преземе

Сето ова го правел човекот кој требал да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем. Филипче, наместо грижа за граѓаните се занимавал која болница да ја преземе, како да ја изнуди од сопственикот со нудење помош за судска постапка, што пак укажува за некакво целосно влијание врз системот, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

358

Случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ е директен удар врз владеењето на правото и сериозен сомнеж за злоупотреба на моќта од сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, кој за време на владата предводена од СДСМ се обидувал да ја преземе здравствената установа, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Филипче веројатно ја подготвувал продажбата, со зголемување на буџетот на Клиничката болница. Според информации до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ, оваа Клиничка болница има најдобар буџет токму за време на владата на СДСМ, поточно кога Венко Филипче бил на власт – рече Петрушевски.






Што велат бројките, додаде тој.

– За 2015 година буџетот е 361,6 милиони денари. Истиот се зголемува во 2017 година на 406,6 милиони денари, а во 2018 година повторно се зголемува на 457 милиони денари. Во 2019 година има уште едно поголемо зголемување и изнесува 612 милиони денари, а во 2020 година достигна 682 милиони денари или скоро 11 милиони евра. Еве ги податоците и за наредните години: за 2021 година, 602 милиони денари, за 2022 година, повторно 602 милиони денари, за 2023 година, околу 548 милиони денари, за 2024 година околу 515 милиони денари, а во 2025 година е намален на 479.883.000 денари – рече Петрушевски.

Бројките се повеќе од јасни, додаде тој, Филипче правел огромен прилив на средства кон Клиничката болница „Жан Митрев“.

– Замислете сето ова го правел човек кој требал да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем. Филипче, наместо грижа за граѓаните се занимавал која болница да преземе, како да ја изнуди од сопственикот со нудење помош за судска постапка, што пак укажува за некакво целосно влијание врз системот – рече тој.

Со години слушаме за апетитите на другарите Зоран Заев и Филипче и кон приватниот здравствен сектор, додаде Петрушевски.

– Несомнено дека Јавното обвинителство има многу работа. Обвинителството мора да се ангажира за овој и за слични случаи – рече Петрушевски.

Поврзани содржини