КАВАДАРЧАНКА ИЗМАМЕНА ПРЕКУ Е-ПОШТА Жена остана без 30.000 денари по лажна порака од МВР

Жена од Кавадарци остана без 29.930 денари откако доби лажна електронска порака во име на МВР со инструкции за плаќање на наводен сообраќаен прекршок.

256

43-годишна жена од Кавадарци стана жртва на измама и остана без скоро 30.000 денари.

Според пријавата во ОВР Кавадарци, на 20 јануари таа добила електронска порака, која наводно била испратена од Одделот за моторни возила при МВР, со обвинување за сторен сообраќаен прекршок и упатства за електронско плаќање на казната. Верувајќи дека е легитимна, жената ги внесла своите лични податоци и се регистрирала според инструкциите.






Подоцна таа добила известување дека од нејзината банкарска сметка биле повлечени 29.930 денари, и тогаш сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а граѓаните се повикуваат да внимават на сомнителни пораки и да не ги споделуваат своите лични податоци преку интернет.

Поврзани содржини