ВИКТОРИЈА БЕКАМ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ОБВИНУВАЊАТА НА БРУКЛИН Што кажа дизајнерката откако се врати на социјалните мрежи?

Бруклин Пелц Бекам, син на Дејвид и Викторија Бекам, ги обвинува родителите дека се обидуваат да му го „уништат“ бракот, но има и посебни обвинувања кои се однесуваат на неговата мајка. 

1,335

Откако нејзиниот најстар син Бруклин упати низа сериозни обвинувања против своите родители, модната дизајнерка Викторија Бекам се огласи на Инстаграм. Наместо да се осврне на семејната драма, таа играше на картата на целосна игнорација.

Додека јавноста чека одговор на шокантните обвинувања што нивниот најстар син Бруклин (26) ги упати против нив, Викторија (51) и Дејвид (50) Бекам ја избираат линијата на помал отпор.






Модната дизајнерка го прекина медиумскиот молк, но не за да се одбрани од тврдењата на својот син, туку за да испрати емотивна порака на Инстаграм до нејзината долгогодишна пријателка и колешка од Спајс Грлс, Ема Бантон, по повод нејзиниот 50-ти роденден.

Исто така, популарната Пош Спајс реагираше на објавата на својот син, но не на Бруклин, туку на помладиот Круз (20), кој се пофали со распродаден концерт во Лондон преку Инстаграм стори, на што Викторија кратко одговори со израз на воодушевување!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)

Многумина го протолкуваа овој потег како стратешки обид да се зачува имиџот на брендот Бекам и да се избегне јавна расправија со сопственото дете.

Дејвид, исто така, користеше слична тактика, објавувајќи честитки на социјалните мрежи за своите поранешни фудбалски соиграчи.

Поврзани содржини