КИЕВ СЕ СМРЗНУВА Околу 3.000 згради без греење по жестоките руски напади
Дел од системот е обновен, но илјадници семејства сè уште се без топлина во екот на зимата, вели Кличко.
Околу 3.000 станбени згради во украинскиот главен град Киев и понатаму се без греење по серијата руски воздушни напади извршени оваа недела, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
– Од утрово, речиси 3.000 повеќекатници во главниот град остануваат без греење – објави Кличко на својот Телеграм профил.
Тој информира дека екипите за итни интервенции работеле во текот на ноќта и дека снабдувањето со топлина е обновено во 270 згради, но нагласи дека состојбата и понатаму е сериозна.
Воздушните напади предизвикаа оштетувања на критичната инфраструктура, поради што илјадници граѓани се соочуваат со студени станови во екот на зимата. Надлежните служби најавуваат дека работат на целосно нормализирање на системот, но не прецизираат рок кога сите згради повторно ќе добијат греење.