И СЕВЕРИНА СЕ ПОЈАВИ НА ПРЕМИЕРАТА НА ФИЛМОТ „СВАДБА“ Погледнете колку чини чантата на пејачката која со својот стил ги засени сите останати

Хрватската пејачка Северина блесна во полн моден сјај на премиерата на хрватскиот филм „Свадба“, а еден луксузен детаљ не остана незабележан од познавачите на модните брендови

105

На гала премиерата на филмот „Свадба“, сите очи беа вперени во Северина – но овој пат не стануваше збор само за модната комбинација, туку за детаљот што го украде целото внимание, пишуваат хрватските медиуми.

Северина се појавила во елегантен, сјаен темен мантил со шлиц, кој дополнително ја нагласува нејзината силуета, а целиот стил го подигнала со еден луксузен моден додаток.






Имено, во раката таа носи чанта од Ботега Венета, со препознатлив плетен дизајн, кој веднаш стана главна тема на вечерта.

Станува збор за парче кое го обожаваат светските модни фанови, а цената на оваа престижна чанта е 2800 евра. Дискретна, но во исто време исклучително ефектна, таа совршено се вклопи во софистицираната модна комбинација на Северина и уште еднаш го потврди нејзиниот статус на модна икона.

Фотографиите на Северина од настанот погледнете ги ТУКА.

Поврзани содржини