УТРОВО ИМАЛО ЗАСТОЈ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПОРАДИ ТЕСТИРАЊЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Цистерна блокирала улица во Бутел

Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови), а пешаците да се движат внимателно, бидејќи е можна појава на голомразица.

1,220

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите. Да се вози со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници.

Од ЦУК ги потсетуваат луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови), а пешаците да се движат внимателно, бидејќи е можна појава на голомразица.






Во случај на опасност или потреба, граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112.

Во врска со состојбата на патиштата по денешните врнежи од снег од ЦУК информират дека зимската служба е ангажирана со целосна механизација и континуирано врши чистење и посолување на сообраќајниците.

Во Општина Ѓорче Петров утрово бил забележан застој во сообраќајот поради тестирање на системот „Безбеден град“.

Кај кружниот тек во Општина Бутел, била блокирана улица поради застаната цистерна. Автобускиот јавен превоз не сообраќал до крајните автобуски линии.

ЈП „Македонија пат“ врши расчистување на приоритетните патни правци, по што ќе следи интервенција и на останатите патишта.

Патниот правец кон село Раштани (Општина Велес) е непрооден.

Во Куманово дел од улиците се тешко проодни.

На граничниот премин Табановце има заглавени товарни возила поради нерасчистен пат.

Во Општина Ранковце регионалниот пат кон село Герман е делумно непрооден поради висина на снегот.

Во Општина Желино, поради дефект, во текот на вчерашниот ден имало прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на планинските превои Пресека, Маврово – Дебар и Струга – Ќафасан.

На патниот правец Демир Капија – Смоквица, сообраќајот за тешки товарни возила е пренасочен по стариот пат во двата правци.

Од 09:16 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е затворен поради расчистување на снегот за сите видови на возила.

Поврзани содржини