ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ МУ НУДЕЛЕ ПОМОШ ВО СУДСКАТА ПОСТАПКА ВО ЗАМЕНА ЗА БОЛНИЦАТА Ургирале да му се тргне забраната на Жан Митрев за продажба на удели
Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на д-р Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка – вели Петрушевски.
Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на д-рЖан Митрев во замена за неговата болница, изјави денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев за на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата. Откако биле замрзнати личните сметки на д-р Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка. Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на д-р Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка – вели Петрушевски.
Според него, овој однос и начин на функционирање на СДСМ, не е непознат.
– Само да потсетиме, болницата „Жан Митрев“, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат. Изјавите на д-р Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДСМ, Заев и Филипче, кон него и кон неговата болница Јавното обвинителство треба да ги истражи, а одговорност мора да има – порача Петрушевски.