ДАНСКИ ПЕНЗИСКИ ФОНД ГИ ПРОДАВА ДРЖАВНИТЕ ОБВРЗНИЦИ НА САД Го плаши финансиската стабилност на американската влада

Американската агенција за кредитен рејтинг „Мудис рејтингс“ лани во мај го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво - Ааа - на Аа1, за еден степен пониско, наведувајќи го растечкиот национален долг и зголемената политичка неизвесност поврзана со трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

141

Данскиот пензиски фонд „Андерс Шелде“ планира да ги продаде сите свои американски државни обврзници во вредност од приближно 100 милиони долари поради загриженост за финансиската стабилност на американската влада.

Фондот соопшти дека се повлекува од американските државни обврзници до крајот на овој месец и наместо тоа ќе се сврти кон американскиот долар и краткорочниот долг.






– Одлуката се базира на лошите финансии на американската влада, што нè наведува да помислиме дека мора да се обидеме да најдеме алтернативен начин за управување со ликвидноста и ризикот – изјави Андерс Шелде, главен инвестициски директор на данскиот пензиски фонд „Андерс Шелде“.

Американската агенција за кредитен рејтинг „Мудис рејтингс“ лани во мај го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво – Ааа – на Аа1, за еден степен пониско, наведувајќи го растечкиот национален долг и зголемената политичка неизвесност поврзана со трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поврзани содржини