СУДИИТЕ МОРА ДА СФАТАТ ДЕКА КРИМИНАЛОТ Е НЕИСПЛАТЛИВ Мора да судат според словото на законот

До крајот на месецот од Владата ќе стигнат најверојатно три или четири закони од оние седум од Министерството за правда, кои треба да гарантираат сериозни реформи согласно европската агенда – рече пратеникот Бојан Стојаноски во гостување на Канал 5.

129

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој дебатираше за многу актуелни теми меѓу кои и за состојбата во правосудството и случајот со апелацискиот судија каде полицијата пронајде 350 илјади евра во ѕид од неговата куќа, притоа истакнувајќи дека со реформи состојбата може да се промени и да се стави крај на корупцијата и поигрувањето со човечки судбини во областа на судството.

– Би сакал да ја поздравам оваа акција од институциите и да биде сфатена од оние коишто се судии во моментот да разберат дека криминалот не е исплатлив и дека некој конечно сака да расчистува со тој криминал, така да единствено нешто што сега се бара од нив е да судат по словото на законот и да постапуваат професионално. За да се промени состојбата во судството треба системски реформи кои ќе започнат од почеток по сите инстанци, тоа се прави со носење на законски решенија кои треба да пристигнат во парламентот. Ете до крајот на месецот од Владата ќе стигнат најверојатно три или четири закони од оние седум од Министерството за правда, кои треба да гарантираат сериозни реформи согласно европската агенда и на тој начин заедно со дебата со сите општествени чинители да направиме законски решенија кои што ќе гарантираат дека вакви луѓе повеќе ќе не можат да влезат во тие институции, а не пак да пресудуваат кон некого, затоа што ова не се само 350 илјади евра не е само ова корупција во системот ова се човечки судбини коишто досега биле уништувани но некој тоа го толерирал – рече Стојаноски.






Пратеникот истакна дека сите без разлика на тоа дали се обвинители или судии треба да ја сфатат пораката дека не се по моќни од другите луѓе, потенцирајќи дека е потребно да се фокусираат на професионалното работење, а не на криминалот.

– Затоа ова нека биде порака до сите оние коишто сметаат дека ако се судии и обвинители и не знам што во правосудниот систем се по моќни од поединецот, не туку сите треба да бидат еднакви пред правдата. Од овој момент натака мислам дека сите треба да ја сфатат, ако не ја сфатиле пораката дека времето на како до сега е завршено и дека треба да работат само професионално, а криминалот не се исплати затоа што сцените кои што ги гледавме со овој судија и со тој претходно мислам дека ќе се повторуваат ако не успееме да го исушиме тоа мочуриште – вели Стојаноски.

Поврзани содржини