ГЕРМАНКА ФАТЕНА СО ПЕЧУРКИ НА ТАБАНОВЦЕ Полицијата откри психотропни супстанци во возило
Две тегли со печурки со психотропни супстанци пронајдени при контрола на комбе со германски таблички.
27-годишна државјанка на Германија беше уапсена на граничниот премин Табановце откако полицијата во возилото со кое влегувала во државата пронашла психотропни супстанци.
Инцидентот се случил вчера околу 9 часот наутро, при редовна гранична контрола на влез во Македонија. Полициските службеници извршиле детален преглед на комбе „фолксваген“ со германски регистарски таблички, во кое патувала М.С. (27).
Во задниот дел од возилото биле пронајдени две тегли со печурки кои содржат психотропни супстанци. Жената пред полицијата изјавила дека пронајдените тегли се нејзини.
По откривањето, таа веднаш била лишена од слобода и предадена на полициските службеници од СВР Куманово, каде што се преземаат понатамошни мерки.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.