ШТИПСКИОТ ЗЕТ ДОБИ 7,6 ГОДИНИ ЗАТВОР На семеен собир се обидел да ги убие мајката и братот на сопругата

436

Штипјанецот С.К. доби казна затвор од 7 години и 6 месеци за обид за убиство на мајката на неговата сопруга и на нејзиниот брат. Нему му е продолжена мерката притвор до отпочнување на издржување на казната затвор.

Зетот од карбинското село Таринци, лани на 3 август во дворот во семејната куќа во населба Баби во Штип, ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Еден ден по враќањето од Германија, сега осудениот заедно со неговата сопруга и нивните малолетни деца биле на семеен собир кај родителите на сопругата, каде прво започнале вербална расправија. Потоа, како што посочија оштетените, физичката пресметка била со дрвени бркалки, секири, па дури и со метална цевка, за на крај да завршат во болница. Зетот во својот исказ пред судот истакнал дека не се чувствува виновен, бидејќи рекол дека не ги сторил делата кои му се ставаат на товар од Обвинителството.

Поврзани содржини