11 МАЛОЛЕТНИЦИ ПИЕЛЕ АЛКОХОЛ НА ПРИВАТНА ЗАБАВА Полицијата ги приведен сопственичката на локалот и организаторот
Полицијата и инспекциите затекнале 15 малолетници, од кои 11 под дејство на алкохол, во угостителски објект во Доброшане.
Полициска контрола во угостителски објект во селото Доброшане, кумановско, откри сериозни прекршувања – малолетници кои консумирале алкохол за време на приватна прослава.
Изминатиот викенд, полицијата од СВР Куманово, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, извршила контрола во локал сопственост на 24-годишната М.П. од Куманово.
Во објектот биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од 41-годишниот М.В. од селото Љубодраг. При проверките било утврдено дека 11 од нив консумирале алкохол.
Поради утврдените неправилности, полицијата ги лишила од слобода сопственичката на објектот и организаторот на забавата. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.