ЕУ ЗУИ, НЕМА ДА ГО ТРПИМЕ ОВА Белгискиот премиер му вели „доста“ на Трамп

Моето чувство во моментов е дека големо мнозинство лидери смета дека е доста. Повеќе нема да го трпиме ова, изјави белгискиот премиер велејќи дека завршило времето на слаткоречивост кон САД.

202

Имам чувство дека големо мнозинство од европските лидери мислат дека е доста и дека времето на слаткоречивост заврши, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

– Работите се загреваат. Европската кошница зуи – изјави Де Вевер осврнувајќи се на комуникацијата меѓу европските лидери по најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини кон осум земји од Европа и за преземање на Гренланд.






Според Де Вевер, како што пренесуваат белгиските медиуми, последните закани на Трамп од минатиот викенд создале пресвртница во Европа.

– Данска отсекогаш била најсилен сојузник на САД, а сега ја третираат на овој начин. Дополнително им се закануваат на земји од НАТО кога организираат воено присуство на територијата на НАТО. Стигнувате до точка каде што слаткоречивоста е контрапродуктивни. Таа само ги охрабрува да одат чекор понатаму – изјави Де Вевер.

Белгискиот премиерот истакна дека од пораките со кои европските лидери „се бомбардираат едни со други“ добива впечаток дека трпението на Европа истекува.

– Моето чувство во моментов е дека големо мнозинство лидери смета дека е доста. Повеќе нема да го трпиме ова – додаде Де Вевер.

Инаку, за време на престојот во Давос предвидено е Де Вевер заедно со белгискиот крал Филип да имаат средба со Трамп.

– Тоа ќе биде посебен момент. Со нетрпение го очекувам. Но, прво да видиме дали ќе се одржи – изјави Де Вевер коментирајќи ја средбата со Трамп.

Поврзани содржини