„ЗЕГИН“ ГО ПОДДРЖА ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА Компанијата обезбеди награди за повеќе од 70 општини
Големиот христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата „Зегин“. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната скопска манифестација, а манифестации се одржаа и во останатите скопски општини, како и во градовите ширум целата земја.
Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година, како и сите оние кои со голема храброст влегле во осветените води.

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата „Зегин“ традиционално ја истакнува и на овој христијански празник со тоа што обезбеди награди за преку 70 општини во земјата.
Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.
Компанијата „Зегин“ им посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестациите, како и на нивните семејства.
