ТРАМП ОБЈАВИ ПРИВАТНИ ПОРАКИ ОД РУТЕ И ОД МАКРОН Се појави и снимка од разговор меѓу францускиот и американскиот претседател

Објавена е и досега невидена снимка од мај минатата година, на која се прикажува моментот кога Макрон му се јавува на Трамп, за да му ја соопшти веста за можно примирје во Украина, што предизвика ентузијастички коментар од американскиот претседател кој одговори: „О, одлично, Нобелова награда за ова“.

3,114

Претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“ објави приватни пораки што му ги пратиле генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и францускиот претседател Емануел Макрон.

Во пораката од Руте, шефот на НАТО му честита на Трамп за она што го постигнал во Сирија и му вели дека ќе ги искористи медиумските настапи во Давос, за да го истакне вклучувањето на Трамп во Сирија, Газа и во Украина. Во пораката, Руте додава дека е посветен на наоѓање решение за прашањето за Гренланд и дека едвај чека да го види Трамп.

 






Во пораката, пак, што му ја испратил Макрон, францускиот претседател му пишува дека тие се „целосно усогласени за Сирија“, дека заедно можат да постигнат „големи работи за Иран“, но дека тој не разбира што прави Трамп за прашањето за Гренланд.

Макрон предлага по Давос во Париз да се организира состанок во формат на Г7 и, меѓу другите, да учествуваат претставниците на Данска, Украина, Сирија и Русија во неформалниот дел.

Макрон, исто така, предлага вечера со Трамп во Париз пред неговото враќање во САД.

Француки извори потврдија дека пораката што ја објави Трамп е автентична.

Во исто време, објавена е досега невидена снимка од мај минатата година, на која се прикажува моментот кога Макрон му се јавува на Трамп, за да му ја соопшти веста за можно примирје во Украина, што предизвика ентузијастички коментар од американскиот претседател кој одговори: „О, одлично, Нобелова награда за ова“.

Снимката, направена за документарец на Франс Телевизија, го прикажува францускиот лидер како му се јавува на Трамп од Киев во раните утрински часови на 10 мај. Макрон го информира дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласил на условите за 30-дневен прекин на огнот со Русија под надзор на САД, поддржан од Европа.

„Доналд, знам дека е многу рано за тебе. Жал ми е што се јавувам во овој час“, му вели Макрон на Трамп и му обаснува дека Киев се согласил со договорот.

„Тој го прифати сето тоа?“ прашува Трамп, а потоа додава: „О, одлично. Нобелова награда за мир за ова“.

Неколку моменти подоцна, се слуша како Трамп го фали Макрон, велејќи: „Ти си најдобар“.

Во друга секвенца снимена неколку минути подоцна, Макрон стои до Зеленски, Кир Стармер, Доналд Туск и Фридрих Мерц додека го информираат Трамп дека новинарите се присутни и ги повторуваат деталите од договорот постигнат со Киев. Но, тогашните  надежите за прекин на огнот беа краткотрајни, затоа што неколку часа подоцна, рускиот претседател Владимир Путин го отфрли прекинот на огнот и наместо тоа предложи „директни разговори“ со Украина за 16 мај. Разговорите потоа се одржаа во Истанбул, со претставници на Москва и на Киев од понизок ранг, но завршија без успех.

Поврзани содржини