ШЕНГЕН ПРАВИЛАТА СЕ ФЛЕКСИБИЛНИ ЗА КАМИОНЏИИТЕ Европската комисија се огласи за најавената балканска блокада на границите

Поради новиот систем EES за влез и излез од Европската Унија, возачите од регионот на Западен Балкан најавија протест за 26 јануари, кога ќе ги блокираат товарните гранични терминали.

53

Системот за влез и излез (ЕЕС) на ЕУ не воведува никакви нови барања во врска со краткиот престој во Шенген зоната, изјави портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт во врска со тврдењата на здруженијата на превозниците од Западниот Балкан дека ЕЕС „во основа ги остава нивните работници и возачи без работа“, поради што се најавени блокади на граничните премини меѓу балканските земји и Шенген зоната за 26 јануари.

– Она што го прави ЕЕС е да обезбеди подобро спроведување на постојните правила и систематско откривање на неправилности – рече Ламерт.






Тој нагласи дека ЕК внимателно го следи прашањето околу најавите на превозниците и е во контакт со партнерите од Западниот Балкан.

Ламерт потенцира дека со ЕЕС не се воведени никакви измени во однос постојните правила за престој во Шенген зоната.

– Според правилата, државјани на трети земји без виза имаат право да останат во Шенген зоната вкупно 90 дена во кој било период од 180 дена. Сè што е надвор од ова мора да биде покриено со виза за долг престој или со дозвола издадена од земја членка – рече Ламерт.

Тој додаде дека Шенген правилата веќе им даваат флексибилност превозниците, особено на оние што често ја преминуваат границата на ист премин.

– Лицата кои имаат локална дозвола, не се обврзани при влез да се регистрираат во ЕЕС системот. Дали тоа се прават при случајни гранични проверки или не, зависи од земјите членки на надворешните граници, а не од Комисијата. Правилата за престој во Шенген зоната се јасни, тие не се променети и имаат одредена вградена флексибилност – додаде Ламерт.

Поради новиот систем EES за влез и излез од Европската Унија, возачите од регионот на Западен Балкан најавија протест за 26 јануари, кога ќе ги блокираат товарните гранични терминали.
Причината за протестот на возачите е, како што тврдат тие, несоодветната реакција на Европската комисија и земјите од Шенген зоната во врска со третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на Шенген територијата за време на нивните секојдневни работни активности.

Поврзани содржини