СКРШЕНА СПОЈКА НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО ШПАНИЈА Возот излетал од шините и удрил во другиот воз од спротивна насока

Несреќата се случи на прав дел од пругата, што била целосно реновирана минатиот мај по големи инвестиции – рече министерот за транспорт.

84

Скршена спојка на шината најверојатно е причината за излетувањето на брз воз од пруга во јужна Шпанија, при што загинаа најмалку 39 луѓе, покажуваат првичните наоди на истрагата, пишуваат шпански медиуми, повикувајќи се на добро информиран извор.

Несреќата се случи во близина на Адамус во јужната покраина Кордоба, околу 360 километри јужно од Мадрид и владата прогласи тридневна национална жалост. Повредени се 122 луѓе, од кои 48 се во болница.






Излетаните вагони се судрија со воз што доаѓаше од спротивната насока, исфрлувајќи го од шините во насипот, што е една од најлошите железнички несреќи во Европа во поново време.

„Техничарите кои ги анализираат шините идентификувале одредено абење на спојката меѓу деловите од шината, што, според нив, покажува дека дефектот постоел веќе некое време. Тие откриле дека неисправната спојка создала јаз меѓу деловите од шината, што се проширил додека возовите возеле по пругата“, рекол изворот.

Министерот за транспорт Оскар Пуенте претходно ја опиша несреќата како многу чудна.

– Несреќата се случи на прав дел од пругата, што била целосно реновирана минатиот мај по големи инвестиции. Првиот воз што излета од шините исто така бил практично нов. Ова ја прави несреќата исклучително чудна и многу тешка за објаснување. Железничките експерти се многу изненадени од оваа несреќа. Ќе биде потребен најмалку еден месец за да се објават резултатите од истрагата – изјави Пуенте.

Во двата воза имало вкупно 400 патници и членови на екипажот. Несреќата се случила десет минути откако излетаниот воз ја напуштил станицата во Малага.

Поврзани содржини