🎥 ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ НА 5-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО РОМАНИЈА Индиски работник херојски скокна во замрзнатото езеро, не чекајќи ги спасувачите

Без да размислува за сопствената безбедност, без камери и аплауз, овој човек покажа неверојатна храброст и големо срце. Човештвото нема граници, а храброста нема пасош – изјави локален советник, кој побара од градот да му одаде признание на херојот.

499

Индиски државјанин, кој работи и живее во романскиот град Крајова, без размислување скокнал во студените и замрзнати езерски води во паркот „Николае Романеску“ и спасил од давање петгодишно девојче кое паднало во езерото.

Драматичното видео од спасувањето на петгодишното девојче се појави на социјалните мрежи. Видеото го прикажува моментот кога индискиот државјанин Випан Кумар (47), вработен во блискиот ресторан, скока во ледената вода без да размислува за да го спаси детето. Настанот се случил вчера, сабота.






Според извештаите, детето било во вода помеѓу 15 и 20 минути, што предизвикало негодување кај присутните поради бавната интервенција на спасувачите.

По индискиот државјанин, во водата скокнал и таткото на девојчето, а по него уште четири други минувачи. Вкупно шест возрасни учествувале во спасувачката операција, додека пожарникарите се обидувале да стигнат до детето со чамец низ дебел слој мраз.

Детето било на околу 10 метри од брегот во времето на несреќата. Чамец со спасувачи бил испратени на местото на настанот. Еден од возрасните што влегол во водата имал тешкотии да се врати на брегот и бил извлечен со помош на пожарникари.

Сите учесници во акцијата, вклучувајќи го и детето, биле префрлени во болница, во стабилна состојба и свенсни.

Спасителот на девојчето Випан Кумар работи во Романија од јуни 2024 година, а живее во областа Дољ. Локалниот советник Теодор Саш јавно го пофали неговиот херојски чин и ги повика градските власти да му одадат признание.

– Без да размислува за сопствената безбедност, без камери и аплауз, овој човек покажа неверојатна храброст и големо срце. Човештвото нема граници, а храброста нема пасош – изјави советникот.

Поврзани содржини