РЕШИ ДА СЕ ПОСВЕТИ НА НАУКАТА И НА СЕМЕЈСТВОТО Заменикот министер за образование поднесе оставка

Лулзим Алиу во оставката вели дека одлуката ја донел како одраз на негова лична и професионална анализа.

1,611

Заменик министерот за образование Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил.

Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле, како и да се посвети на семејството.






Лулзим Алиу роден е 1977 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во родното место. Во 1999 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ги завршува студиите по албански јазик и книжевност, додека во 2006 година се стекнува со звањето магистер по филолошки науки, бранејќи ја темата „Јазикот во народни албански песни од кичевскиот регион“. На истиот факултет во 2011 одбранил докторската дисертација на тема: граматичките категории на глаголот во романите на Исмаил Кадаре преведени од албански на македонски јазик, стекнувајќи се со звање доктор по филолошки науки.

Поврзани содржини