СОНЧЕВО И ОБЛАЧНО ЗА ВОДИЦИ Во Охрид со температура до 4 степени
Утре наутро времето ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре наутро времето ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово, каде температурата ќе се спушти до минус 8 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 6 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од минус 4 до 4 степени.
Времето во следните денови: Утре и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла
