МОРТУС ПИЈАН ВОЗАЧ ОД ВЕЛЕШКО УДРИЛ ВО СТОЛБ КАЈ БАБУНА Во струшко и во кривопаланечко возачи дивееле со „стотка на час“

Во Велес, И.П. (43) од село Владиловци со „шкода“ удрил во бетонски столб на мостот на реката Бабуна. По тестирање било утврдено дека имал 2,45 промили алкохол во крвта.

159

Пет возачи биле лишени од слобода во Валандово, Гевгелија, Велес, Струга и во Крива Паланка, откако биле фатени во тешки прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи. Четворица управувале возила под дејство на алкохол, а еден возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Во Велес, И.П. (43) од село Владиловци со „шкода“ удрил во бетонски столб на мостот на реката Бабуна. По тестирање било утврдено дека имал 2,45 промили алкохол во крвта.






Во Валандово, Т.К. (59) управувал трактор со 1,59 промили, а во Гевгелија С.С. (29) од Корешница бил запрен со 1,53 промили.

Во Струга, Н.Х. (44) од Мислодежда возел „пежо“ со брзина од 101 километар на час во населено место каде дозволената брзина е 50.

Во Крива Паланка, П.С. (25) управувал „бмв“ со 103 километри на час, исто така во населено место.

Сите возачи се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за безобѕирно управување со моторно возило.

Поврзани содржини