ИЗБЕГАЛ, УКРАЛ МОБИЛЕН, ГО ФАТИЛЕ Бегалец од „Идризово“ уапсен во Центар

Телефонот ѝ бил вратен на оштетената, 23-годишна девојка. Осомничениот повторно бил спроведен во затвор.

184

 

Кражбата на мобилен телефон разоткрила бегалец од затворот „Идризово“. Полициската акција во раните утрински часови на 17 јануари завршила со апсење на 43-годишниот Ј.П. од Скопје, кој се барал по наредба на Основниот кривичен суд поради бегство од затворската установа.






Според податоците на Министерството за внатрешни работи, вечерта на 16 јануари, околу 21:50 часот, во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П. ѝ одзел мобилен телефон на 23-годишна девојка. Полицијата го пронашла неколку часа подоцна.

Тој бил приведен околу 4 часот утринава.

Телефонот ѝ бил вратен на оштетената, а осомничениот повторно бил спроведен во затвор.

Поврзани содржини