СТУДЕН БРАН ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ За Водици мраз, в среда снег
За Богојавление Водици на 19 јануари ќе има услови за слабо провејување на снег ќе има во јужните предели од Македонија,. Наутро температурите на овој празничен ден ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, прогнозира Славчо Попоски.
Територијата на Македонија во деновите кои што следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент.
Во ваква ситуација ќе имаме ладно време со појава на утрински минуси и појава на мразеви. Викендов ќе имаме зголемена облачност со локални слаби врнежи кои во пониските места (градовите ) ќе бидат од дожд и од снег а на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат само од снег.
Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.