ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА ПО ВИКЕНДОТ Од среда пак дожд и по малку снег
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег.
Времето в сабота, 17 јануари ќе биде облачно. На пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла.
Во Скопје се очекува променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег.
Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.