ЗА КОЛКУ МИЛИЈАРДИ САД БИ ГО КУПИЛЕ ГРЕНЛАНД? Во 1916 година Вашингтон веќе купил острови од Данска

ВВо 1916 година, Данска им ги продала Данските Западноиндиски острови, денес познати како Американски Девствени Острови на САД, потсетува Ен-Би-Си. Тогаш Вашингтон ветил дека нема да оспорува дански интереси во Гренланд. Век подоцна, истата тема повторно се враќа на масата. Дали парите ќе ја заменат дипломатијата или ќе ја спречат војната?

1,248

САД би морале да платат дури 700 милијарди долари за да го купат Гренланд од Данска. Според Ен-Би-Си Њуз, ова е план кој во Белата куќа се нарекува „висок приоритет“.

Проценката ја изготвиле поранешни американски функционери и експерти кои го разгледувале Гренланд како стратешка тампон-зона меѓу САД и Русија и Кина.






„Зоштo да напаѓаме крави кога ќе ни продаваат млеко?“

Оваа фраза, изјавена од висок функционер на администрацијата на Трамп, стана симбол на новата прагматична геополитика на Вашингтон, пишува порталот. САД веќе имаат воено присуство во Гренланд, но Трамп сакал целосна сопственост — „како поседување наместо изнајмување имот“.

Според наводите на Ен-Би-Си, на државниот секретар Марко Рубио му било наложено да подготви конкретен предлог-договор со Данска и владата на Гренланд во наредните недели.

Во Белата куќа се разгледува и помирна опција, се вели во текстот. Тоа е договор сличен на оној со Маршалските Острови и Палау, каде САД даваат финансиска помош во замена за долгорочно безбедносно присуство.

Таквиот модел би му овозможил на Гренланд финансиска стабилност, а на САД, постојана воена точка на Арктикот. Гренланд е стратешки важен за контрола на северните рути.

Во 1916 година, Данска им ги продала Данските Западноиндиски острови, денес познати како Американски Девствени Острови на САД, потсетува Ен-Би-Си. Тогаш Вашингтон ветил дека нема да оспорува дански интереси во Гренланд. Век подоцна, истата тема повторно се враќа на масата. Дали парите ќе ја заменат дипломатијата или ќе ја спречат војната?

Поврзани содржини