СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ СЕРТИФИКАТ „НИВО 3“ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАГЛЕРОД За нула емисии треба да мине уште 4 нивоа

Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод ја дава Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитација управување со емисии на јаглерод на аеродроми (Airport Carbon Accreditation – ACA).

82

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, се стекна со  „Ниво 3″ акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми.

Сертификацијата на „Ниво 3″ – претставува потврда дека скопскиот аеродром ефикасно управува и ги намалува своите емисии на јаглерод, додека во исто време активно ги ангажира и своите партнери во нивното управување со емисиите на јаглерод.






Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод ја дава Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитација управување со емисии на јаглерод на аеродроми (Airport Carbon Accreditation – ACA).

Постојат  7 нивоа на сертификација: „Ниво 1″, „Ниво 2″, „Ниво 3″, „Ниво 3+”, „Ниво 4″, „Ниво 4+” и „Ниво 5″.

Обврска е аеродромите да постигнувате јаглеродна неутралност до 2030 година и нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година.

За да се постигне третото ниво, Меѓународниот Аеродром Скопје, соопштија оттаму,  спроведе низа значајни мерки, меѓу кои: имплементација на програма за енергетска ефикасност и мониторинг во согласност со меѓународните методологии, надградби на системите за осветлување на јавната и воздухопловната зона со високоефикасни LED инсталации, воведување програми за оптимизација и унапредување на енергетските перформанси на системите за греење, вентилација, климатизација, распоредување на хибридна аеродромска опрема и поддршка во транзицијата кон еколошки прифатлив возен парк.

Поврзани содржини