НЕ МОЖЕ ДА МУ ЈА ПОДАРИ НАГРАДАТА, НО МОЖЕ МЕДАЛОТ Трамп ја прифати благодарноста од нобеловката Мачадо

Трамп напиша во објава на социјалните мрежи дека Мачадо му ја доделила нејзината награда „за неговата работа“. „Толку прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија“.

1,092

Белата куќа во четврток потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го задржи медалот за Нобелова награда за мир што му го понуди лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, добитничка на наградата.

Мачадо претходно им кажа на новинарите дека му го понудила медалот на Трамп на приватен состанок, но не откри дали го прифатил.






– Мислам дека денес е историски ден за нас Венецуелците – рече таа по нејзината прва лична средба со американскиот претседател. Тогаш не одговори на прашањето дали тој го задржал медалот.

Трамп напиша во објава на социјалните мрежи дека Мачадо му ја доделила нејзината награда „за неговата работа“. „Толку прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија“.

Мачадо, чиешто наградување за многумина беше во најмала рака контроверзно, изјави дека доделувањето на наградата на Трамп би било чин на благодарност од венецуелскиот народ за отстранувањето на претседателот Николас Мадуро.

Нобеловиот институт во саботата објави дека Нобеловата награда за мир не може да се префрли, подели или одземе.

Откако американските сили го грабнаа венецуелскиот претседател Мадуро во Каракас, Трамп одби да ја поддржи Мачадо, велејќи дека таа нема доволна поддршка и не е квалификувана да ја води земјата.

Поврзани содржини