📽️ ОСВЕТЛЕНИ НАТПАТНИЦИТЕ „ДИЈАМАНТ“ И „МАЏАРИ“ Скопје заслужува уреден влез, вели Ѓорѓиевски

Со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и посетители, пишува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

1,314

Со цел подобра видливост и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град. Вака информираше на својот Фејсбук профил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој вели дека влезот на Скопје мора да биде достоинствен, уреден и безбеден.

„Со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и посетители.






Со истата посветеност продолжуваме и во иднина, систематски да ги уредуваме и осветлуваме сите мостови и натпатници низ Скопје, создавајќи побезбедна сообраќајна инфраструктура и поквалитетен урбан амбиент.

Скопје го правиме заедно. По скопски!“

Поврзани содржини