„ДАЈ ДА СЕ НАПИЕМЕ“ НА КАЛАС СТАНА ДИПЛОМАТСКИ ХИТ Естонија и Латвија се придружуваат кон „болката за светот“

Значи, сега мрднавме од пиење балзам Ригас кон нешто пософистицирано?, се мајтапи естонскиот министер Маргус Цахна откако претходно латвиската министерка Бајб Браже предложи да се напијат од познатиот џин поради состојбата во светот.

305

Изјавата на шефицата на европската дипломатија Каја Калас, дека „можеби е време да се напиеме“, продолжува да предизвикува бранови од реакции меѓу европските министри. По нејзината шеговита забелешка во Европскиот парламент, нејзините колеги од Естонија и Латвија решија да ѝ се придружат, барем виртуелно.

Латвиската министерка за надворешни работи Бајба Браже објавила дека во тој случај го препорачува познатиот џин од Рига, објавувајќи фотка. На ова, естонскиот министер Маргус Цахна одговорил со ироничен коментар.






„Значи, сега мрднавме од пиење балзам Ригас кон нешто пософистицирано?“, прашува тој.

 

 

Размената на пораки била инспирирана од зборовите на Калас во разговор со лидерите на европските политички групи, пренесува „Политико“. Таа со насмевка изјавила дека не пие, но дека „сега можеби е вистинско време да се почне“, алудирајќи на зголемениот притисок и неизвесноста на глобалната сцена.

Наместо дипломатски студени одговори, нејзините колеги ја прифатиле изјавата како симболичен начин да се покаже солидарност во време на политички стрес.

СОСТОЈБАТА ВО СВЕТОТ Е ТАКВА ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОЧНЕ СО ПИЕЊЕ Каја Калас си ја отворила душата пред европратеници

 

Поврзани содржини