ЗАБРАНЕТИ УШТЕ 33 НЕЛЕГАЛНИ ПРИРЕДУВАЧИ НА ОНЛАЈН ИГРИ НА СРЕЌА Досега блокирани 307 веб страници

104

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб страници и веб апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.

Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници. Со тоа вкупниот број на досега забранети нелегални страници изнесува 307.






Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.

Министерството за дигитална трансформација соопшти дека ќе продолжи со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа на интернет, со цел заштита на граѓаните и безбедност во дигиталниот простор.

Поврзани содржини