🎥 АРИАНА ГРАНДЕ ПРОГОВОРИ ЗА СВОЈОТ ПОКОЕН СОРАБОТНИК И ПАРТНЕР „Мек Милер ме охрабри да го најдам својот звук и да бидам своја“
Деновиве, пред она што требаше да биде 34-ти роденден (19 јануари) на Мек Милер, неговата поранешна девојка и соработничка, Аријана Гранде, му ја припишува заслугата на починатиот музичар за тоа што ѝ помогнал да се пронајде себеси и својот звук
Ариана Гранде, која беше во врска со раперот Мек Милер од околу 2016 до 2018 година, со љубов се осврна на влијанието на Милер врз нејзината рана кариера во епизодата од 13 јануари на подкастот „Awards Chatter“ на The Hollywood Reporter.
Ова е нешто што Ариана го изјавува токму пред она што требаше да биде 34-ти роденден (на 19 јануари) на Мек Милер.
– Требаше малку време за да го сфатам мојот деби албум, бидејќи на почеток во мојата глава имаше и чудно присуство од Nickelodeon, во смисла, каков треба да биде овој проект – рече Гранде за нејзиниот ЛП од 2013 година, „Yours Truly“.
– Никогаш не сум зборувала за ова, но всушност Малколм – кој можеби го познавате како Мек – ме охрабри да бидам своја и дека е во ред да се ослободам од тој карактер и да ја прифатам мојата кафеава коса и да создавам поп музика под влијание на R&B и да се одвојам и да го направам храброто нешто. Беше големо влијание. Многу сум благодарна за тоа – рече 32-годишната Гранде.
View this post on Instagram
Пред нивната работна врска да прерасне во романса, Милер се појави во хит-синглот на Гранде, „The Way“.
– Затоа бев толку желна да го замолам да биде дел од тоа, не само затоа што беше совршен за песната, туку и затоа што чувствував дека треба да му се заблагодарам што го пронајде мојот звук – се надоврза Гранде.
„Yours Truly“ дебитираше на првото место на Билборд 200 кога беше објавена. Синглите од албумот беа „The Way“, „Baby I“ и „Right There“, со Биг Шон. Во текот на својата кариера, Гранде освои две Греми награди, вклучително и за нејзиниот четврти албум, „Sweetener“.
Милер почина на 26-годишна возраст на 7 септември 2018 година, поради смртоносна комбинација од фентанил, кокаин и алкохол. Еден месец претходно, тој го издаде својот петти студиски албум, „Swimming“.
По веста за неговата смрт Ариана напиша:
– Те обожавав од денот кога те запознав кога имав 19 години и секогаш ќе те обожавам. Не можам да верувам дека повеќе не си тука. Навистина не можам да се справам со тоа. Разговаравме за ова. Толку многу пати. Толку сум лута, толку сум тажна, не знам што да правам. Ти беше мојот најмил пријател. Толку долго. Пред сè друго. Многу ми е жал што не можев да ја поправам или отстранам твојата болка. Навистина сакав. Најљубезната, најслатката душа со демони што никогаш не ги заслужи. Се надевам дека сега си добро. Почивај.
Во 2019 година, тројца мажи беа обвинети за дистрибуција на дрога што доведе до фаталното предозирање на Милер, при што сите тројца отслужија затворска казна.
Погледнете го подолу заедничкиот спот на Милер и Гранде. The Way: