НАТО ДА Ѝ КАЖЕ НА ДАНСКА ДА СЕ ГУБИ ОД ГРЕНЛАНД! Трамп распали пред средбата на Рубио со претставници од Данска

НАТО да ѝ каже на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!, напиша шефот на САД на социјалната мрежа Трут Соушл.

2,534

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд.

„НАТО да ѝ каже на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.






Тој додаде и дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот.

Трамп во објавата прикачи и текст од сајтот „JustTheNews“ во кој се наведува дека, додека данските лидери ја минимизираат заканата што ја претставуваат Русија и Кина за Гренланд, Данската одбранбена разузнавачка служба (DDIS) неодамна објавила проценка во која отворено предупредува на руските и кинеските воени амбиции за ширење на подрачјето околу Гренланд и Арктикот.

Изјавата на Трамп е објавена неколку часа пред планираниот состанок на американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, со министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во Белата куќа, на кој би требало да се разговара за иднината на овој остров.

Фото: Принтскрин

Гренланд е автономна територија во составот на Данска, но во последните месеци се најде во фокусот на вниманието на Трамп и американската администрација поради своето стратешко значење за Арктикот и безбедноста на САД.

Во меѓувреме, Данска го зголемува своето воено присуство во и околу Гренланд и одлуката стапува во сила веднаш. Вака се вели во заедничкото соопштение на данското Министерство за надворешни работи и Министерството за надворешни работи и истражување на Гренланд.

Потегот е поврзан со воени вежби кои вклучуваат авиони, бродови и војници, а ќе се спроведува во блиска соработка со сојузниците од НАТО. Соединетите Американски Држави се заканија дека ќе го преземат арктичкиот остров, при што не е отфрлена ниту опцијата за употреба на сила, пренесе ДПА.

Целта е да се тренира распоредување под специјалните услови на Арктикот и да се зајакне присуството на НАТО, се вели во соопштението. Гренланд е полуавтономна територија на Кралството Данска.

Активностите на вежбата би можеле да вклучуваат поддршка за гренландските власти, како што е полицијата, мониторинг на критичната инфраструктура, распоредување на борбени авиони во и околу Гренланд, извршување на поморски задачи, како и прием на сојузнички трупи, се додава во соопштението.

„Причината е што „безбедносните тензии се проширија дури до Арктикот“, соопштија министерствата.

Објавата дојде непосредно пред средбата на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд Вивијан Моцфелд со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс во Вашингтон.

Владите на Данска и Гренланд јасно ставија до знаење дека продажба или анексија на територијата од страна на Соединетите Американски Држави е неприфатлива.

Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека доколку американската влада ги спроведе своите закани тоа ќе значи крај на НАТО.

Поврзани содржини