ПАЦИЕНТ НАПАДНАЛ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА Инцидент во здравствена установа во Ѓорче Петров

Нападот се случил околу 4 часот наутро, а случајот е пријавен во полиција и е во фаза на истрага.

101

Вработена во здравствена установа во скопската општина Ѓорче Петров пријавила дека била физички нападната од пациент кој се лекувал во установата.

Според пријавата поднесена во полиција, нападот се случил во раните утрински часови, околу 4 часот, додека жената била на своето работно место. Напаѓачот, кој бил пациент во здравствената установа, ја нападнал без претходна најава.






По пријавата, полицијата започнала постапка за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Поврзани содржини