АМЕРИКА ГО РАСПАРЧУВА СВЕТОТ, ПРЕДУПРЕДИ ЛАВРОВ Само западните сојузници не кажуваат дека САД грубо го кршат меѓународното право

САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго, рече денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

979

САД го „делат“ светот со своите постапки кон Венецуела и кон Иран, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој вели дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на „нелегалната операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро“ и со заканите дека ќе го нападне Иран.






– Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право. Се прават обиди да се предизвика распад во системот на меѓународни односи – рече Лавров.

Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго.

Според него, ваквиот вид реакција, како и другите дејствија на САД на меѓународната сцена, зборуваат „дури и не за обид, туку за курсот на американските колеги насочен кон рушење на целиот систем што е создаден со години со нивно директно учество“.

– Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин – предупреди Лавров на прес-конференцијата во Москва со својата колешка од Намибија.

На прашањето кој е ставот на Москва во врска со ситуацијата во Венецуела, Лавров рече дека тој останува непроменет, дека има принципиелен карактер и се заснова на принципите на „почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, чии влади ги претставуваат интересите на сопствениот народ“. Додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, која е руски сојузник и дека Москва со загриженост гледа како Венецуела ја брани својата независност.

– Венецуела беше токму таква земја, затоа нашите принципиелни проценки за нелегалната операција спроведена од САД остануваат на сила. Тоа се ставови на огромното светско мнозинство, земјите од Глобалниот југ и од Глобалниот исток. Само Западноевропејците и другите сојузници на Вашингтон срамежливо се обидуваат да избегнат принципиелни проценки, иако на сите им е јасно дека ова е најгрубото кршење на меѓународното право – истакна тој.

Не мислам само на ООН, туку и на принципите на моделот на глобализација што го спроведуваат САД, додаде тој.

– Принципите на Повелбата на ОН мора да се применуваат во целост, целосно, имајќи ја предвид нивната поврзаност. Оваа теза и принципиелна позиција добиваат посебно значење во ситуација кога гледаме не само обиди, туку и конкретни акции насочени кон рушење на целиот систем на меѓународни односи што беше создаден по Втората светска војна – истакна Лавров.

Нагласи дека оваа тема бара посебно внимание и дека нема сомнение дека ќе заземе едно од клучните места на третиот самит Русија-Африка, чија подготовка е во тек.

Како што додаде, на средбата со колешката од Намибија посветиле посебно внимание на ситуацијата во Африка, а особено на обидите на надворешните сили да ги шират своите интереси што не ги засегаат африканските народи, како и на обидите на терористичките сили да ја обноват својата активност на континентот.

Тој ѝ се заблагодари на Намибија за нејзината избалансирана и објективна позиција кога станува збор за Украина.

Прашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.

– Би било корисно Вашингтон да ја информира Москва за најновите мировни предлози за Украина – истакна Лавров.

Поврзани содржини