📽️ РУСИЈА ГИ КОРИСТИ КАКО „ТОПОВСКО МЕСО“ ВО УКРАИНА Вознемирувачки снимки од фронтот се шират на интернет

Според проценките на воените експерти, досега на фронтот се испратени повеќе од илјада Африканци.

373

Руската Федерација неодамна наводно користи африкански платеници како „топовско месо“ за да минуваат низ „ничија земја“, делови од градови или села во Украина кои се под жестоки борби и кои никој формално не ги контролира целосно, пишува британски „Телеграф“.

Во видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види униформиран платеник по име Франсис, кој наводно е од африканско потекло, со противпешадиска мина закачена на градите.






Тој е опкружен со група руски војници кои му се закануваат со ножеви да напредува кон украинските позиции. Видеото содржи и одвратни расистички навреди, нарекувајќи го „отварач за конзерви“ чија цел е да го „разнесе непријателскиот бункер“.

– Како се викаш? Ти си отварач за конзерви, денес ќе бидеш прв – вели едниот војник.

– Ќе трчаш низ шумата. Не плаши се – може да се слушне како вика еден од руските војници.

Автентичноста на видеото сè уште не е потврдена. Снимката предизвика огромна врева и осуда во медиумите и на социјалните мрежи.

Британскиот весник наведува дека Русија ги користи странските платеници, особено оние од Африка, како „топовско месо“. Според проценките на воените експерти, досега на фронтот се испратени повеќе од илјада Африканци.

Им биле ветени високи плати. Сепак, никој од нив наводно не добил никаква исплата.

Поврзани содржини