САКААТ ХАОС ВО ИРАН ЗА ДА ГО „ПОКРИЈАТ“ ГРЕНЛАНД Захарова со остри критики кон европските лидери
Ситуацијата во Иран стана спас за европските функционери, за да го тргнат вниманието на своето население од фактот дека им се одзема остров – изјави Захарова.
Соочени со претензиите на Вашингтон кон Гренланд, претставниците на Европската Унија масовно го насочија фокусот кон случувањата во Иран, со цел да го одвлечат вниманието на европската јавност од Гренланд, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Зошто сега не ги насочите сите свои напори кон Гренланд? Зар не мислите дека ситуацијата во Иран стана спас за европските функционери, за да го тргнат вниманието на своето население од фактот дека им се одзема остров – изјави Захарова во интервју за „Спутник“.
Таа нагласи дека токму прашањето за Гренланд би требало да биде од највисок интерес за Брисел, но дека тоа очигледно не е случај.
Осврнувајќи се на изјавата на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, која рече дека Европската унија посакува промена на политичкиот систем во Иран поради протестите во земјата, Захарова оцени дека Калас ги прекршила сите вообичаени дипломатски норми. Според неа, апсурдно е лице кое се претставува како дипломат јавно да изјави дека смета на граѓанското општество во една држава за уривање на режимот.
Захарова ја обвини Европската Унија за лицемерие, посочувајќи дека лидерите на ЕУ вршат притисок врз Иран, додека за време на протестите на „Жолтите елеци“ во Франција во 2019 година ги осудувале постапките на демонстрантите.
Портпаролот на Европската служба за надворешни работи, Анвар ел Ануни, во понеделникот изјави дека земјите-членки на Унијата разговараат за прогласување на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, како и дека подготвуваат нови санкции против Иран.
– Дури и ако она што се случува во Иран го гледаме како протест, тогаш свесно ги игнорираме сознанијата што ги имаме и се однесуваме како да станува збор само за протест. Сега, за и овој протест – ако го третираме како што тоа го прави Европската унија – да се претвори во анархија, тие воведуваат економски мерки. Во 2019 година имаа сосема спротивен став – рече Захарова.