ЗА НАС Е ДОСТА Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за случајот Епштајн, следи обвинение?

Бил и Хилари Клинтон велат дека соработувале со Ештајн до степен до кој што можеле и дека повеќе немаат релевантни информации за да сведочат. Републиканскиот комисијски претседател Комер најави дека Комитетот ќе започне постапка за прогласување на непочитување на Конгресот.

671

Бил и Хилари Клинтон официјално одбија да се појават и да сведочат пред републиканскиот Комитет за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата поврзана со покојниот финансиски инвеститор и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија денешните извештаи од американските медиуми.

Во заедничкото писмо адресирано до претседателот на комисијата, републиканецот Џејмс Комер, поранешниот претседател и поранешната државна секретарка ја изразија својата позиција дека истрагата е политички мотивирана и незаконска. Бил и Хилари тие веќе ги доставиле „малкуте информации“ што ги имаат и немаат дополнителни факти што би помогнале на истрагата.






„Секој човек мора да одлучи кога е доста. За нас, тој момент дојде сега“, напишале тие во писмото.

Републиканскиот комисијски претседател Комер најави дека Комитетот ќе започне постапка за прогласување на непочитување на Конгресот („contempt of Congress“) против Бил Клинтон по неговото непојавување на закажаното сведочење. Слични мерки се очекуваат и за Хилари ако не се појави на својот термин, што законски би можело да доведе до кривични обвиненија.

Клинтонови остро ги критикуваа републиканците, тврдејќи дека потрагата по нивното сведочење служи за одвлекување внимание од други прашања, меѓу кои и од управувањето на администрацијата на Трамп со документи поврзани со случајот Епштајн.

Истрагата се одвива во контекст на обвиненијата кон Џефри Епштајн за тешки злосторства, за кои бил притворен во 2019 година, но извршил самоубиство во затвор додека ја чекаше пресудата. Бил и Хилари Клинтон велат дека соработувале со Ештајн до степен до кој што можеле и дека повеќе немаат релевантни информации за да сведочат.

 

Поврзани содржини