ГЕРМАНИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ДАНСКА ЗА ГРЕНЛАНД Одбраната на островот е задача на НАТО

Безбедноста во Северниот Атлантик ќе ја зајакнеме само ако работиме заедно во солидарност и единство. Одлуката за Гренланд е во рацете на неговите жители и на Данска – изјави министерот за одбрана на Германија.

157

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сојузниците во НАТО мора да дејствуваат обединето и дека само Гренланд и Данска можат да одлучуваат за иднината на островот.

Реакцијата на Вадефул доаѓа по намерите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз Гренланд, автономна област на Данска, која според Вашингтон е од витално значење за американската безбедност.






Данската премиерка Мете Фредериксен претходно предупреди дека евентуално американско заземање на островот би значело крај за НАТО.

– Безбедноста во Северниот Атлантик ќе ја зајакнеме само ако работиме заедно во солидарност и единство. Одлуката за Гренланд е во рацете на неговите жители и на Данска – потенцираше Вадефул.

И покрај разликите околу Гренланд Вадефул и Рубио ја потврдија посветеноста на Членот 5 од договорот на НАТО за заемна одбрана.

Германскиот министер истакна дека Aлијансата останува клучна за постигнување траен мир во Украина и дека единството е јасен сигнал до Русија да не се обидува да го загрозува НАТО.

Поврзани содржини