РАКЕТИТЕ СЕ ВЕЌЕ ВО ЕВРОПА Зеленски бара ПВО системите веднаш да бидат испратени во Украина

Русија во една недела истрелала над 1.100 дронови и повеќе од 50 ракети, а Киев бара итна поддршка од европските партнери.

493

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави состанок посветен на итната потреба на Украина од нови ракети за противвоздушна одбрана (ПВО), пренесува Укринформ.

Во своето вечерно видеообраќање, Зеленски информираше дека заедно со врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, детално ги разгледале прашањата поврзани со испораките од партнерските земји. Тој нагласи дека приоритет се ракетите кои веќе се наоѓаат во европските складишта.






– Утре имаме состанок на кој ќе разговараме за ова. Потребни се нови испораки од партнерите преку иницијативата „PURL“, како и преземање на ракетите од складовите во Европа. Знаеме дека тие се таму и мора веднаш да бидат ставени во служба на нашите противвоздушни сили – изјави Зеленски.

Според податоците на Укринформ, само во текот на оваа недела Русија истрелала врз Украина речиси 1.100 дронови, над 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети од различен тип.

Поврзани содржини