🎥 ПОД ВОДА ПОВЕЌЕ ОД 13.000 ХЕКТАРИ ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ Во Албанија поплавени 1.587 домови и други објекти

Евакуирани се 339 лица и 51 семејство, а регистрирана е и една жртва од поплавите, вработен во комуналната служба на општина Драч.

1,209

Во поплавте во Албанија досега се поплавени 1.587 домови и други објекти, евакуирани се 339 лица и 51 семејство, а под вода се 13.211 хектари земјоделско земјиште, соопшти претседателот на Албанија Еди Рама на состанок на Меѓуресорниот комитет за цивилни вонредни ситуации.

– Моментно врнежите од дожд се намалени низ целата земја, освен во Драч. Досега, низ целата земја се пребројани 1.587 поплавени домови и други објекти. Евакуирани се 339 лица и 51 семејство. За жал регистрирана е и една жртва од поплавите, вработен во комуналната служба на општина Драч, за што изразувам длабоко сочувство до семејството – рече Рама, ветувајќи дека секому ќе му биде надоместена штетата.






Исто така, нагласи дека под вода се 13.211 хектари земјоделско земјиште.

– Имаме поплави и во некои здравствени центри или образовни установи. Количината на врнежи од дожд е голема, до 300 милиметри на квадратен метар, или повеќе од просечната количина на врнежи од дожд што паѓаат во текот на целиот месец – нагласи Рама.

Според министерката за внатрешни работи Албана Кочиу низ целата земја се распоредени околу 5.500 службеници на државната полиција, со околу 700 возила на располагање. Во меѓувреме, според Кочиу, противпожарната служба распоредила над 720 службеници, 55 противпожарни возила и 22 пумпи во најпроблематичните области.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Albana Vokshi (@vokshialbana)

Поврзани содржини