ДВАЈЦА МЛАДИ СКОПЈАНИ НАЈДЕНИ МРТВИ ВО ВИКЕНДИЦА ВО ГОСТИВАРСКО Нема траги од насилство, обдукцијата ќе покаже како починале

Полицијата информира дека се работи за Т.Ј и И.Н. двајцата на 30-годишна возраст.

3,710

Двајца скопјани синоќа се пронајдени мртви во викендица во селото Горна Ѓоновица кај Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 8 јануари во 23.45 часот.






Полицијата информира дека се работи за Т.Ј и И.Н. двајцата на 30-годишна возраст.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телата се испратени на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани содржини