ТРАМП И ПЕТРО ЌЕ ГИ ЗАКОПААТ СЕКИРИТЕ? По телефонскиот повик можна е средба во Белата куќа

Беше голема чест да разговарам со претседателот на Колумбија, Густаво Петро, кој сакаше да ја објасни ситуацијата со дрогата. Го ценам неговиот повик и со нетрпение очекувам средба во блиска иднина, напиша шефот на САД на платформата Икс.

726

Шефот на САД Доналд Трамп најавил дека подготвува средба со претседателот на Колумбија. Трамп изјави дека имал срдечен и почитувачки разговор со Густаво Петро.

„Беше голема чест да разговарам со претседателот на Колумбија, Густаво Петро, кој сакаше да ја објасни ситуацијата со дрогата. Го ценам неговиот повик и со нетрпение очекувам средба во блиска иднина“, напиша Трамп на платформата Икс.






Петро, кој го предводи првото левоориентирано владеење во историјата на Колумбија, одговорил дека е подготвен да продолжи дијалогот меѓу двете земји.

– Разговаравме по телефон за прв пат откако тој стана претседател – им рекол тој на поддржувачите во Богота.

Трамп претходно ѝ се закани на Колумбија со воена интервенција.

Односите меѓу Вашингтон и Богота се влошија уште во септември, кога Соединетите Држави му ја одзедоа визата  по неговите јавни критики кон американската политика во Газа и поддршката за пропалестинските протести.

Трамп го обвини Петро дека „поттикнува производство и извоз на кокаин“, воведувајќи санкции врз колумбискиот лидер. Одделот за дрога во администрацијата на Трамп од септември досега извел над 30 воздушни и морски операции во Карибите, во кои биле уништени бродови осомничени за шверц на дрога – при што, според извештаи, загинале повеќе од 100 лица.

Американски функционери велат дека средбата меѓу Трамп и Петро би можела да биде обид да се стабилизираат односите и за враќање на Колумбија во безбедносната орбита на САД.

Трамп претходно ја нарече Колумбија „наркодржава која го загрозува континентот“.

Петро, коментирајќи го апсењето на претседателот на Венецуела, во понеделникот напиша дека ќе „се крене со оружје“ против САД доколку Колумбија биде нападната.

 

Поврзани содржини