ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ ЌЕ ОТПУШТАТ 200.000 ЛУЃЕ ВО НАРЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ Еве кои работни места први ќе настрадаат

Зголемувањето на отпуштањата е поврзано и со зголемената употреба на вештачката интелигенција, која веќе се користи за изработка на финансиски извештаи, како и за обработка на барања за кредити и заеми.

770

Европските банки би можеле да го намалат бројот на вработени за  200.000 луѓе во следните 5 години, предвидуваат аналитичарите  на „Морган Стенли“.

Главните причини се пошироката примена на вештачката интелигенција и преминот кон електронско банкарство.






Секторите администрација, управување со ризици и правни работи се најмногу изложени на ризик. Се очекуваат значителни отпуштања и кај вработените во филијалите, што е последица на зголемената популарност на дигиталното банкарство и намалувањето на традиционалната услуга на шалтерите.

Зголемувањето на отпуштањата е поврзано и со зголемената употреба на вештачката интелигенција, која веќе се користи за изработка на финансиски извештаи, како и за обработка на барања за кредити и заеми.

Поврзани содржини